Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“

     „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција.

      „Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

      Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.

        „Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

        „За една успешна и амбициозна компанија огромен предизвик е да се одржат високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности. ’Алкалоид’ секогаш се стреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазарот на трудот, без оглед на тоа за која позиција станува збор“


          „Алкалоид“ АД Скопје со донација на течен „Омепразол“

          „Алкалоид“ АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца – пациенти на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле

            „АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ ВРЕДЕН 19,4 МИЛИОНИ ЕВРА

            Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении

              Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“

               „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција.

                „Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

                Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.

                ПОДАТОЦИ ЗА АКЦИИТЕ


                АЛК
                arrow

                Податоци за акциите

                Цена *

                20714.67

                Промена *

                -0.31%

                Извор: mse.mk *10 минути задоцнување на резултатите

                ВЕСТИ


                „Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

                Прочитај повеќе

                АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – март 2024 година

                Прочитај повеќе

                „Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

                Прочитај повеќе

                АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – декември 2023 година

                Прочитај повеќе

                Производи

                ФАРМАЦИЈА

                Луѓето градат високо - за да можат да гледаат подалеку.
                Луѓето градат заедно - за да можат да бидат поблиски.
                Луѓето градат цврсто - за да можат да се чувствуваат. побезбедно. Ние градиме за луѓето да имаат подобро здравје бидејќи ... ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ !

                СЛЕДЕТЕ НÈ

                „Бекутан“ ја одржа својата традиционална работилница за родители во Загреб, Хрватска, овојпат со фокус на татковците, нивната улога како родители и на посебниот начин на кој тие создаваат нераскинлива поврзаност со своите деца. Сѐ за најубавата улога во животот на еден маж, татковската улога, ни раскажаа специјалниот гостин Тарик Филиповиќ, кој по раѓањето на својот син покажа неизмерна доверба во „Бекутан“ и стана негов горд бренд-амбасадор, како и Стјепан Вукадин, Фабијан Павао Медвешек и д-р Натко Бек, надополнети и од стручните совети на д-р Диана Пужевски, педијатар добропознат за хрватската јавност. Настанот го водеше Мирна Медаковиќ Степинац, која заедно со групата татковци создаде одлична атмосфера за сите присутни, а заклучокот од двочасовното дружење беше дека „секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО“. Со оваа мисла и јасна порака дека татковците и мајките треба рамноправно да учествуваат во растењето на детето од неговото раѓање ја заокруживме оваа работилница на „Бекутан“, уште еднаш докажувајќи дека брендот постои за децата и дека го поддржува сето она што е добро за нив. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #Becutan

                ...

                Посетете нè
                Нашиот ракометен клуб „Алкалоид“ втора година по ред ќе биде дел од завршниот Ф4-турнир од Купот на Македонија, на кој ќе учествуваат најдобрите екипи од нашата земја. Четири екипи преку квалификациите обезбедија борба за престижниот пехар на домашната ракометна сцена, а покрај нашиот клуб, дел од настанот ќе бидат и РК Вардар 1961, РК Еурофарм Пелистер и ГРК Тиквеш. Овој настан ќе се одржи од 16 до 19 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Ждрепката одлучи во полуфиналето РК Алкалоид да игра со РК Вардар 1961, додека, пак, втората полуфинална двојка ја сочинуваат РК Еурофарм Пелистер и ГРК Тиквеш. Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Вардар 1961 ќе се игра на 17 мај со почеток од 19:30 часот. Само напред и среќно, момци! #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

                ...

                Посетете нè
                „Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи/имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени. Прочитајте повеќе: https://bit.ly/3V37O71 #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

                ...

                Посетете нè
                Природата не е само наша инспирација – таа е и наша одговорност! Good Nature дава максимални заложби во заштитата на животната средина, а секој аспект од нашиот бренд е посветен на зачувување и на почитување на природата. Секоја ќесичка чај е изработена од хартија од неизбелена пулпа, се склопува без употреба на лепила и без дополнителни материјали, како на пример метал или пластика, не содржи микропластика и е биоразградлива. Исто така, конецот на секоја ќесичка е изработен од 100 % памук, а хартиените делови поседуваат FSC-сертификат, кој претставува гаранција дека хартијата е изработена во согласност со сите мерки за заштита на животната средина. Придружете ни се во грижата за природата додека се препуштате на нејзиниот благодат! Секој избор е важен. Изберете Good Nature. #АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ #GoodNature

                ...

                Посетете нè

                Страница специјално развиена за здравствени професионалци

                Посетете не и пронајдете интересни и корисни содржини, збогатете ги своите знаења, и дознајте како понудените информации и алатки можат да ви помогнат во вашата секојдневна грижа за пациентите.